Де Лаурентис дециден: Имам апсолутна доверба во Анчелоти

Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис, ги демантираше гласините дека е подготвен да му врачи отказ на Карло Анчелоти по серијата слаби резултати на оваа екипа. Италијанските медиуми шпекулираат со имињата на Џенаро Гатузо и Масимилијано Алегри, но Де Лаурентис е дециден на ставот дека Анчелоти ќе остане на клупата на Наполи.

„Дали постои ризик за Анчелоти да биде сменет? Никаков ризик. Јас отсекогаш сум имал максимална доверба во квалитетите на Карло Анчелоти, и како тренер и како човек. Не размислувам за тренерска смена, мислите ми се насочени само кон наоѓање на начин да се излезе од кризата, за Наполи повторно да почне да победува“ – изјави претседателот на Наполи.

Актуелниот договор на Анчелоти истекува на крајот на сезонава, но Де Лаурентис одби да одговори дали ќе му биде понудено соработката да продолжи.

„Сега не е време да се размислува за такви работи. Мораме да останеме мирни, да работиме напорно до крајот на сезонава“ – порача Аурелио де Лаурентис.

Се вчитува...