Де Лаурентис нема да штеди: Конте во „пакет“ со Лукаку во Наполи

Наполи и натаму е во потрага по нов тренер, откако е јасно дека сегашниот Франческо Калцона е само привремено решение до крајот на сезоната. Затоа Де Лаурентис, сопственикот на Наполи, по крајот на сезоната ќе се обиде уште еднаш да го убеди екс тренерот на Јувентус, Челси, Интер и Тотенхем, Антонио Конте.

Конте веќе еднаш ја одби можноста да седне на клупата на Наполи, но Де Лаурентис е решен да го ангажира по секоја цена. Според италијанските медиуми, газдата на Наполи е подготвен да му даде добар бонус на Конте, во случај да ја врати титулата во Неапол. Сумата која се споменува е 8 милиони евра.

Покрај тоа, наводно му ветил дека некои познати имиња ќе пристигнат во Наполи. Едно од нив е Ромелу Лукаку, кој соработуваше со Конте во минатото. Лукаку во моментов е позајмен во Рома од Челси, а Де Лаурентис го гледа како замена за Виктор Осимен, кој следната сезона се очекува да има нов клуб во трансфер вреден преку 100 милиони евра.

Ако не успее со Конте, тогаш втор пик на Де Лаурентис е Маурицио Сари, кој е без работа откако го напушти Лацио пред неколку дена.

Се вчитува...