Повеќе од јасно е дека Јувентус со ангажманот на Кристијано Роналдо направи џиновски чекор напред кон ново скудето, но претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, не е убеден дека Португалецот ќе ги оправда вложените пари во него. Шпанските медиуми обелоденија дека Роналдо бил понуден и на Наполи пред да потпише за „старата дама“, но Де Лаурентис е со јасен став дека нема намера да троши 100 милиони евра на еден фудбалер.
„Да се потрошат толку многу пари за играч кој се наоѓа на залез од кариерата е многу опасно. Да не заборавиме дека Роналдо е возрасен, и со оглед на долгорочниот договор и платата што му се дава, јасно е дека овој трансфер е многу ризичан. Не знам дали ќе преовлада спортскиот или комерцијалниот успех на трансферот, но кога ќе почне да се дава толкава плата на фудбалер, порано или подоцна ќе се соочиш со проблем“ – порача првиот човек на Наполи.
Де Лаурентис пред неколку години го критикуваше и Гонзало Игуаин, како одговор Аргентинецот редовно постигнуваше голови против Наполи, па останува да се види дали истото ќе биде случај и со Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА