Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, е уверен во проектот на својот клуб и вели дека тимот со Карло Анчелоти на кормилото за две години може да ги освои титулите и во Италија и во Европа. Ова лето нов фудбалер на Наполи стана и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тој настапи на двата пријателски натпревари против Барселона на турнејата во САД.
„Ова е нешто повеќе од видео-игра. Потребен е детален план, треба да се спроведе и потоа да се берат плодовите. Верувам дека овој Наполи за две години ќе може да го достигне тоа ниво. Да биде најдобар во Италија, но и да ја освои Европа“, изјави Аурелио де Лаурентис, првиот човек на Наполи.
Наполи во првото коло од новата сезона во Серија А ќе и гостува на Фиорентина на 24 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА