Де Лихт го избра новиот клуб, само Роналдо поплатен од него

Холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт се чини веќе и дефинитивно ја знае новата фудбалска средина каде ќе ја продолжи својата кариера. Барселона, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер сити и Баерн Минхен беа во ред за Холанѓанецот, но на крајот веќе се поизвесно победи Јувентус.

Како што пренесува холандски „Телеграф“, Јувентус победи во трката за Де Лихт со договор да исплати 70 милиони евра на Ајакс. Де Лихт, според пишувањата, ќе заработува 20 милиони евра годишно.

Согласно наведените примања на годишно ниво, Де Лихт ќе биде втор најплатен фудбалер во Серија А по Кристијано Роналдо.

Се вчитува...