Де Лихт го „откачил“ ПСЖ зимава

Стоперот на Баерн Минхен, Матајс Де Лихт, одбил зимава да прави трансфер во ПСЖ. Според „Л’Екип“, Холанѓанецот бил трансферна цел на „светците“, меѓутоа екс дефанзивецот на Јувентус и Ајакс истакнал дека останува во Баерн Минхен, и нема намера во овој момент да ја менува средината.

ПСЖ сака да ангажира централен дефанзивец, по тешката повреда на Милан Шкрињар. Клубот разгледува различни варијанти меѓу кои и Диего Лоренте од Лидс или Лени Јоро од Лил, кои и натаму остануваат во плановите на ПСЖ.

Де Лихт е еден од најдобрите дефанзивци во Европа и пошироко. Тој најпрво од Ајакс направи трансфер во Јувентус, а во 2022 година се пресели во Баерн Минхен.

Се вчитува...