Де Лихт има „дил“ со Јуве, но Ајакс чека 70 милиони евра

Капитенот на Ајакс, Матијс де Лихт, ги има договорено личните услови со италијанскиот првак Јувентус, открива неговиот агент Мино Рајола. Се очекува сега разврската меѓу двата клуба, а постои значајна разлика во финансискиот дел.

„Матијс има постигнато договор со Јувентус, се надевам дека набрзо ќе следи и договор меѓу двата клуба“, изјави Рајола за италијанските медиуми.

„Старата дама“ понуди 50 милиони евра отштета за одличниот дефанзивец, но холандскиот клуб бара дури 20 милиони евра повеќе.

Се вчитува...