Де Лихт ќе биде најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен

Баерн Минхен ова лето ќе го ангажира најскапото засилување во историјата на клубот. За Матијс Де Лихт од Јувентус, „Баварците“ се подготвени да издвојат дури 90 милиони евра. Иако Јувентус бараше 100, сепак, „бјанконерите“ се подготвени за преговори за 10 милиони помалку.

Дека трансферот ќе биде остварен, говори фактот што и самиот фудбалер изразил желба да го напушти Јувентус и да се пресели во Минхен.

Во моментов најскапиот играч на Баерн Минхен е дефанзивецот Лукас Хернандез кој пред три години е платен 80 милиони.

Досега Баерн ги доведе во своите редови Садио Мане, Рајан Гравенберх и Нусар Мазрауи.

Се вчитува...