Де Лихт му одговори на Клајверт за „случајот Барселона“

Поранешниот холандски фудбалер Патрик Клајверт изјави пред неколку денови дека Матијас де Лихт се кае поради тоа што го одбрал Јувентус пред Барселона. Откако Де Лихт не се снајде најдобро во Торино, Клајвер го кажа своето мислење.

„Лично никогаш не сум го убедувал да се приклучи на Барселона. Му кажав само за позитивните аспекти кои Барселона ги нуди како град и клуб. Тој е одличен стопер и на крај си одлучи. Мислам дека сега се кае поради тоа“ – изјави Клајверт.

Де Лихт одговори на сето тоа нагласувајќи дека никогаш не се покајал што го одбрал Јувентус.

„Не жалам што дојдов во Јувентус. Се и сешто се пишува и се зборува. Можеби изгледа вистина кога личност како Клајверт ќе го каже тоа, но навистина тоа е само негова претпоставка и ништо повеќе. Која не е точна“ – одговори Де Лихт.

Се вчитува...