Де Лихт разочаран: Не го очекував ова…

Јувентус на отворањето на новата сезона славеше против Парма на гостински терен со 0-1. Единствениот гол го постигна Џорџо Кјелини во 21. минута по корнер, а нешто подоцна на Кристијано Роналдо му беше поништен гол поради наводен офсајд.

Иако Матијас Де Лихт го купи за 86 милиони евра, Маурицио Сари младиот стопер го остави на клупа. Сари довербата ја даде на проверената стоперска двојка Бонучи-Кјелини, а Де Лихт по средбата не го криеше незадоволството.

„Секако дека сакав да играм. Мора да признам дека на тренинзите не ни претпоставував дека ќе бидам на клупа, но ја почитувам одлуката на тренерот. Се уште се навикнувам на Италија, а Кјелини и Бонучи ги сметам за една од најдобрата стоперска двојка. На мене е да се наметнам и да се изборам за место во составот“ – вели 20-годишниот Холанѓанец.

Се вчитува...