Де Лихт се договорил со Јувентус

Матијас Де Лихт ги договорил личните услови со Јувентус. Холандскиот репрезентативец и италијанскиот шампион постигнале согласност за петгодишен договор со кој Де Лихт би добивал по 24 милиони евра по сезона.

Понудата од Јувентус е дека тој би добивал базична плата од 300.000 евра неделно, но би можела да достигне и до 463.000 со дополнителните бонуси. Според договорот со Јувентус, Де Лихт би имал откупна клаузула од 150 милиони евра.

Следниот чекор на Јувентус е да влезе во преговори со Ајакс. Сепак, во играта и натаму е и Пари Сен Жермен. Агент на 19-годишниот Де Лихт е Мино Раиола.

Се вчитува...