Де Лихт со првиот гол за Јуве го реши градското дерби

Интер мина само неколку часа на чело на табелата во „Серија А“, врвот повторно е резервиран за Јувентус откако „старата дама“ триумфираше на вечерашното градско дерби против Торино, на гостински трен со 0-1.

Матијс де Лихт сезонава направи неколку пенали, но вечерва беше херој на дербито, откако го постигна голот за победа на „црно-белите“. По еден корнер од левата страна Игуаин одигра одлична повратна топка, а Де Лихт со силен волеј удар ја затресе мрежата на „торинезите“.

Јувентус сега има 29 бода, еден повеќе од Интер, додека на третата позиција е Рома со 22 бода на своето салдо.

Се вчитува...