Де Лихт со тешко обвинение: Ја загубив мојата самодоверба заради Луј ван Гал и Алегри

Матијс де Лихт повторно го „пецна“ Алегри и неговиот веќе поранешен клуб Јувентус. Откако замина во Баерн Минхен, Холанѓанецот се обидува да објасни зошто го направил трансферот и од што бил незадоволен во Торино, па сега на ред дојде и тренерот.

Претходно Де Лихт се жалеше од дефанзивниот пристап на Јувентус, а сега изјавил дека не уживал целосна доверба кај Алегри, но и кај селекторот на Холандија.

„Минатата сезона првпат во кариерата имав двајца тренери, Луј ван Гал и Макс Алегри, кои немаа целосна доверба во мене и поради тоа загубив самодоверба. Претходно, постојано имав тренери кои беа мои фанови и тогаш е лесно да играш добро“, рекол Де Лихт.

Се вчитува...