Де Лихт тргна со автогол во дресот на Јуве (видео)

Од Матијс де Лихт се очекуваше да донесе стабилност во одбраната, но и по некој гол во противничката мрежа, со што холандскиот ас би го продолжил трендот од настапите за Ајакс. Почетокот на авантурата е дијаметрално спротивен, откако Де Лихт на вториот меч во дресот на „старата дама“ го постигна првиот погодок, но во сопствената мрежа.

Интер прв поведе на пријателскиот натпревар против Јуве, откако по корнерот на Сенси од левата страна токму Де Лихт со несмасна интервенција од пет метри ја смести топката во мрежата на Шчешни.

Се вчитува...