Де Роси бесен: Лажат и сакаат да ме скараат со Тоти

Даниеле де Роси повторно го крена гласот, овојпат за да ги демантира шпекулациите дека неговото заминување од Рома е резултат на наводниот конфликт што го имал со уште една клупска легенда, Франческо Тоти. Весникот „Ла Република“ во вчерашното издание објави дека Де Роси бил отпуштен без да му биде понуден нов договор бидејќи инсистирал Тоти летово да си замине од клубот.

„Неверојатно е какви се невистини беа напишани за мене во последните денови. Последното пишување во „Република“ сепак ја минаа секоја мерка на нормалност, затоа и ќе им дадам налог на моите адвокати да бараат правда, да докажат дека тоа се апсолутни невистини. Парите што ќе ги добијам, а сигурно ќе ги добијам бидејќи напишаното беше апсолутна лага, ќе ги донирам во хуманитарни цели. Вистината е дека одамна многумина се обидуваат да го нарушат моето пријателство со Тоти, кое траело и ќе трае цел живот“ – порача Даниеле де Роси.

Се вчитува...