Легендата на римската „волчица“, Де Роси дебитираше со победа на клупата на Рома во Серија А.
Рома славеше против Верона со 2-1 во првиот натпревар на Де Роси откако го замени Жозе Мурињо како предводник на тимот од „Олимпико“.
Домашните брзо дојдоа до предност од 2-0 со головите на Лукаку во 19. минута и Пелегрини во 25. минута. Верона во второто полувреме успеа само да го ублажи поразот со голот на Фолорунсо во 76. минута. Претходно, во 64. минута гостите не реализираа и пенал.
🇮🇹 Goal: Romelu Lukaku | Roma 1-0 Hellas Verona | 🅰️ Stephan El Shaarawypic.twitter.com/IhHupwGfGp
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 20, 2024
Рома по оваа победа, со 32 бода, сега е само на бод од шестопласираниот Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА