Де Роси ќе паузира три седмици

Капитенот на Рома, Даниеле Де Роси, ќе паузира три седмици. Ова е добра вест за тренерот Клаудио Раниери, со оглед дека првичните прогнози беа многу полоши, дека за одличниот играч за врска сезоната е завршена. Тој го повреди десното колено на мечот против Удинезе.

Сепак, по деталните лекарски прегледи е утврдено дека Де Роси за три седмици ќе може да се врати во ритам и да конкурира за составот за дербито против Јувентус на 12 мај. Ќе ги пропушти дуелите со Интер, Калјари и со Џенова, а сигурно ќе биде во комбинација за настап во последните две кола, на мечевите против Сасуоло и против Парма.

Се вчитува...