Де Роси потпишува нов договор со Рома

Дојде како в.д. менаџер да го замени Жозе Мурињо на клупата на Рома, меѓутоа Даниеле де Роси сега добива долгорочен договор со „волчицата“.

Откако го наследи Мурињо, Де Роси забележа одлични резултати со екипата, и избори место во Европа, со можност да игра во Лигата на шампионите во идната сезона, во зависност од резултатите во последното коло.

Де Роси мина во Рома повеќе од 20 години во кариерата, а кратко играше и за Бока Јуниорс. Беше поставен за нов тренер во јануари 2024 година, а сега би можел да остане како предводник на „волчицата“ и во следните неколку сезони.

Се вчитува...