Де Роси: Рома не ми ни понуди нов договор, не знам каде ќе играм…

Даниеле де Роси не го криеше разочарувањето што е принуден да си замине од Рома откако клубот во кој ја мина целата досегашна кариера воопшто не му понудил нов договор. Поранешниот италијански репрезентативец на 35-годишна возраст ќе бара нов клуб, но изненаден е што не му беше укажана честа да ги следи стапките на Франческо Тоти и да остане на „Олимпико“ до крајот на кариерата.

„Ако јас бев директор, сигурно ќе понуден нов договор на играч како мене, што 18 години е дел од клубот. Верував дека ќе останам тука додека не кажам збогум на фудбалот, но нивните планови биле поинакви. Не се лутам на никого, иако играв добро кога тренерот ми укажуваше шанса и добро си ја вршев работата во соблекувалната, капитенски решавајќи ги проблемите во тимот“ – истакна 35-годишниот Де Роси.

Веднаш по објавата за неговото заминување се појавија информации дека италијанскиот ветеран се наоѓа пред преселба во МЛС-лигата, но Де Роси ги демантираше овие гласини.

Немам договор со никого, ниту знам каде ќе играм следната сезона. Се надевав на договор до последен момент, сега е јасно дека нема да дојде до него и ќе ги разгледам сите опции. Пред три-четири години имав можност да се преселам во клубови со кои ќе освоев повеќе пехари отколку со Рома, но решив да останам“ – потсети Даниеле де Роси.

Се вчитува...