Де Врај не оди никаде – во понеделник потпишува нов договор со Лацио

Дефанзивецот на Лацио, Стефан Де Врај најверојатно ќе ги одбие понудите од Интер, Јувентус и Манчестер јунајтед, така што ќе ја обнови соработката со „орлите“. Според италијанските медиуми, потпишувањето на новиот договор ќе се случи во понеделник кога Де Врај ќе се врати од одмор, а ќе добие зголемување на платата од 2.5 милиони евра годишно, плус бонуси. Не така добра вест за клубот е што Холанѓанецот сега ќе има клаузула од 20 милиони евра, наместо 25 милиони, со цел да може Лацио полесно да го продаде доколку самиот играч реши да си замине.

Првичниот договор на 25-годишниот холандски репрезентативец истекува ова лето, а беше цврсто поврзуван со трансфер во еден од трите горенаведени великани. Наводно, одбранбениот играч имаше постигнато вербален договор да се пресели на „Џузепе Меаца“ по крајот на оваа сезона и да стане нов член на Интер, но очигледно одлучи да остане на „Олимпико“ и да ја потврди својата лојалност.

 

Се вчитува...