Деари загуби на стартот на ИТФ фјучерсот во Скопје, утре на терен Ивановски и останатите мак-тенисери

Македонскиот тенисер Шендрит Деари не успеа да се пласира во 2. коло на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари кој се игра во Скопје, откако загуби на стартот од Мирза Башиќ од БиХ.

Деари во 1. коло мораше предвреме поради повреда да го предаде мечот, при 1-1 во сетови и 3-0 во третиот сет за противникот. Претходно, првиот сет му припадна на Башиќ со 6-1, а вториот го доби Деари со 6-4.

Стефан Мицов, пак, не успеа да се најда на главниот турнир откако во последното коло од квалификациите денеска загуби од Романецот Габриел Дика со 4-6 и 0-6.

На главниот турнир на ИТФ фјучерсот во Скопје, четврти носител е најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, а настапуваат уште и Берк Бугариќ, Томислав Јотовски, Горазд Србљак, Амар Хусеиновиќ, Бесир Дургути, Марко Стоилковски и Обрад Марковски.

Се вчитува...