Дебакл на Димитријевиќ и Хувентуд против големиот Реал Мадрид

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд го претрпеа првиот овосезонски пораз, откако на домашен терен загубија од Реал Мадрид со преубедливи 64-87. „Кралевите“ влегоа како фаворити во овој меч, но се очекуваше Хувентуд достојно да му се спротивстави на овој ривал по двете победи на стартот на сезоната. Наспроти тоа, на теренот можеше да се проследи апсолутна доминација на гостите од Мадрид, кои на крајот неочекувано лесно стигнаа до нов триумф во Ендеса-лигата.

Како пресуднo се покажа првото полувреме во кое Хувентуд постигна речиси двојно помалку поени од противникот (23-42), негатива што беше преголема за да биде надополнета во преостанатите 20 минути од мечот.

Димитријевиќ реализираше шест поени со слаб шут од поле (3/8), надополнети со три загубени и една украдена топка. Лопез Аростеги беше најефикасен кај Хувентуд со 12 поени, додека најдобри поединци кај Реал Мадрид беа Лапровитола со 22 и Козер со 12 постигнати поени.

Се вчитува...