Дебакл на Ливерпул во Манчестер: „Граѓаните“ ја „сомлеа“ четата на Јирген Клоп

Манчестер сити запиша убедлива победа од 5-0 против Ливерпул во дербито на 4. коло од Премиер лигата.

„Граѓаните“ тотално ги надиграа „црвените“ нанесувајќи им го првиот пораз сезонава. Победата беше најавена уште во 24. минута со голот на Агуеро, а пред полувремето Габриел Хесус донесе и 2-0.

Sergio Agüero Goal HD – Manchester City 1… by billiemccarroll
Manchester City 2-0 Liverpool 09/09/2017… by FootballHG

Откако во првиот дел, Ливерпул остана без Мане кој заработи директен црвен картон поради бруталниот старт над домашниот голман Едерсон, во второто полувреме Манчестер сити постигна уште три гола за комплетен дебакл на четата на Јирген Клоп.

Најпрво, Габриел Хесус во 53. минута зголеми на 3-0, а за конечни 5-0 се погрижи Сане со два гола во 77. и во 91. минута.

Leroy Sane Goal HD – Manchester City 4-0… by whywhywhymemememememmeemme

По оваа победа, Манчестер сити е со 10 бода на врвот од табелата, додека Ливерпул остана на претходно освоените 7 бода.

Се вчитува...