Дебакл на Милан на „Олимпико“, Лацио се враќа во игра за ЛШ (ВИДЕО)

Лацио се враќа во игра за местата кои водат во Лигата на шампионите, откако убедливо со 3-0 славеше против Милан на „Олимпико“ во 33. коло од Серија А.

„Лацијалите“ триумфот го најавија со голот на Кореа уште во 2. минута од натпреварот.

 

Во 51. минута истиот фудбалер зголеми на 2-0, а Чиро Имобиле во 87. минута ги заокружи конечните 3-0.

Лацио сега со 61 бод е на пет бода од Наполи, Јувентус и Милан.

Се вчитува...