„Дебакл“ на навивачите на Лајпциг во Глазгов

Германскиот Лајпциг синоќа е поразен од Глазгов Ренџерс 3-1 во реванш натпреварот во полуфиналето на Лигата на Европа. Иако во првиот натпревар славеше со 1-0, на „Иброкс“ немаше никаква поддршка. Само околу 1.000 навивачи стигнаа во Глазгов да ги бодрат момците. На трибините останале 1.500 празни места.

Во Глазгов дури беше организиран и собир на навивачите, па мораше да биде откажан. Едноставно на договорено место во договорено време не се појавиле доволен број на навивачи.

Лајпциг е еден од омразените тимови во Германија од страна на навивачите. Тоа е клуб кој што за кратко време израсна во стандарден прволигаш, и учесник во Лигата на шампионите. Тим кој има многу пари, но нема фанови кои цело време се со тимот. Па така често на гостувањата овој тим е без вистинска поддршка.

Се вчитува...