Дебакл на Шкендија во Велес, минимален триумф за Силекс

Борец ја шокираше Шкендија во Велес и ја победи со 4-2. Последнопласираниот тим на табелата го декласира актуелниот првак и покажа дека нема така лесно да се откаже од намерата за опстанок во елитното друштво. Избраниците на Горазд Михајлов им одржаа лекција по фудбалски фанатизам на фудбалерите на Ернест Ѓока.

Никола Радовиќ во 12.минута го изненади Захов, а до крајот на првото полувреме уште еднаш ја затресе мрежата на Шкендија во 40.минута. Фернандо Силва во 72.минута зголеми на 3-0, а Никола Прелчец шест минути подоцна постигна и четврти погодок за велешкиот тим. Шкендија го намали убедливиот пораз со двата гола на Арменд Алими во 80. и во 90. минута од натпреварот.

Силекс со минимален резултат (1-0) славеше против Македонија ЃП. Иван Ивановски од пенал во деветтата минута беше стрелец на победничкиот гол за кратовскиот прволигаш.

Ренова го победи Вардар во Тетово со 2-0, со двата гола од пенал на Арџент Гафури, а се уште е во тек дуелот меѓу Струга Трим Лум и Шкупи. Тој почна со задоцнување поради поплавениот терен во Струга. По 75 минути, резултатот е 1-2 во корист на Шкупи.

Се вчитува...