Дебакл на Симона Халеп, елиминирана уште во првото коло во Сиднеј

Тенисерката број еден во светот, Романката Симона Халеп имаше кошмарно враќање по тримесечната пауза. Загуби во првото коло на турнирот во Сиднеј од Австарлијката Ешли Барти во два сета со по идентични 6-4.

За Халеп турнирот во главниот австралиски град требаше да биде подготовка за првиот годинашен грен-слем, Австралија Опен во Мелбурн. Таа предвреме ја прекина сеозната во 2018 поради проблеми со грбот. 27-годишната лидерка на ВТА листата 2019 ја почна без тренер.

Лани на  Аус Опен играше во финалето и загуби од Каролина Возњаки. Минатата година, на Ролан Гарос, Халеп го освои првиот грен-слем трофеј во кариерата.  Турнирот во Мелбурн почнува в понеделник.

 

 

Се вчитува...