Дебакл за Црвена Звезда во Барселона: Пет поени во последната четвртина

Кошаркарите на Црвена Звезда имаа непријатно гостување во Барселона во Евролигата. „Црвено-белите“ доживеаја дебакл, губејќи го мечот со 88-54. Колку беше очаен тимот на Алимпијевиќ доволно говори податокот дека во последниот период постигнаа само пет поени, а примија дури 26.

Барселона уште на полувреме водеше со 45-24, а Црвена Звезда одигра квалитетно само во третата четвртина. Сепак, тимот на Светислав Пешиќ уфрли во поголема брзина во последната четвртина и го посрамоти српскиот клуб.

Перо Антиќ на овој натпревар постигна четири поени за 13 минути на паркетот.

Олимпијакос го совлада Бамберг со 88-79, Фенербахче славеше на гостувањето кај Жалгирис со 78-85, а ЦСКА Москва беше убедлива против Уникаха (101-76).

Се вчитува...