Деби гол на Петковски во победата на Ботошани (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Петар Петковски го постигна дебитантскиот гол во дресот на Ботошани, а неговиот тим славеше со 2-1 против УТА Арад со што остана перфектен по четири одиграни кола во романското првенство.

Македонецот стрелаше во 61. минута од мечот по центар шутот на Браун. Дванесет минути подоцна Ботошани поведе и со 2-0, а утешниот погодок за гостите го постигна Хора во втората минута од судиското продолжение.

 

Се вчитува...