Македонскиот реперзентативец Александар Трајковски почна да се прилагодува во новата средина, па денес со својот деби гол учествуваше во победата на Ал Феја од Саудиска Арабија, а на тој начин му помогна на својот тим да се пласира во полуфинале на кралскиот Куп (1-2).
Трајковски доби одлична асистенција во 56. минута, по што излезе сам пред противничкиот голман и не му беше тешко да ја затресе неговата мрежа за да донесе водство од 1-0. Потоа следуваше израмнување од Ал Батин на 1-1, па натпреварот влезе во продолженија, каде што Ал Феја со втор гол избори место меѓу најдобрите четири екипи во С. Арабија.
Македонскиот напаѓач зимава направи трансфер вреден 1,5 милиони евра од Мајорка во Ал Феја, со кој потпиша 18-месечен договор, па така стана вториот фудбалер кој игра во С. Арабија по Езгјан Алиоски.
📹| فيديو:
تراجكوفسكي يسجل هدف #الفيحاء الأول في مرمى #الباطن pic.twitter.com/FqEXsoldll#مع_الفيحاء#كاس_خادم_الحرمين_الشريفين #يوم_التاسيس— نادي الفيحاء السعودي (@Alfaihaclub) February 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА