Лука Станковски се израдува на својот прв гол во дресот на Газиантеп откако младинскиот репрезентативец на Македонија стрелаше прецизно на дуелот со Ризе, заводство на својот тим од 1-0.
Станковски имаше одлични настапи во дресот на Работнички, зимава на негова адреса пристигнаа бројни понуди, од кои младиот фудбалер ја избра онаа за преселба во Турција. Малерите со повредите го спречија Македонецот веднаш да се наметне како стандарен стартер, но тој доби шанса на вечерашниот дуел со Ризе и веднаш ги покажа своите квалитети.
Првиот гол на Станковски во дресот на Газиантеп можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА