Деби голот на молдавскиот Шериф во ЛШ е вистинска „убавица“! (ВИДЕО)

Дебитантот во Лигата на шампионите, Шериф Тираспол на неверојатен начин го отвори својот настап во елитното натпреварување. Молдавскиот шампион води на домашен терен против украинскиот Шахтјар Доњецк со 1-0 со неверојатниот погодок на Траоре во 16. минута.

Репрезентативецот на Мали на неверојатен начин ја зафати топката и успеа да ја затресе мрежата на искусниот Пјатов. Македонскиот репрезентативец Бобан Николов се наоѓа на клупата на тимот од Молдавија.

 

 

Се вчитува...