Деби од соништата: Андре Силва испиша историја

Андре Силва своевремено важеше за гол-машина во Порто, но португалскиот ас имаше разочарувачка сезона во Милан, каде во „Серија А“ постигна само два гола пред да му биде дозволено да се пресели во Севилја.

А дека проблемот бил во клубот, а не во фудбалерот покажа неговото деби за новиот клуб, во кое Силва постигна три гола на гостувањето против Рајо Валјекано (1-4), за 90 минути игра беше поефикасен отколку за цела година во дресот на „росонерите“.

Воедно, Андре Силва испиша историја со тоа што стана прв фудбалер во 21. век што во своето деби во Примера дивизион усеал да постигне хет-трик.

Се вчитува...