Деби од соништата на Робев во АБА2-лигата

Дамјан Робев не можеше ни да сонува за подобро деби во АБА2 лиата од она што македонскиот репрезентативец го прикажа на вечерашниот меч меѓу МЗТ Скопје и Младост Земун.

Македонскиот шампион славеше со 97-90, а меѓу најзаслужните за победата беше токму Робев, кој одигра феноменално во нападот.

Зад името на Робев, кој летово пристигна од редовите на Куманово, останаа запишани 30 поени, со извонредни шест тројки од седум обиди, три погодени шутеви од вкупно четири за два поени, како и 6/8 од линијата за слободни фрлања. Покрај поените, Робев реализираше и четири скокови и две асистенци.

Се вчитува...