Деби од соништата за Барди: Прв меч за Леванте и веднаш гол (видео)

Енис Барди имаше деби од соништата во дресот на Леванте, откако веќе на првиот натпревар македонскиот ас го постигна и премиерниот погодок за својот нов клуб.

Шпанскиот прволигаш вечерва игра пријателски натпревар против Ла Нусија, па иако ривалот не е од највисок калибар Барди сепак покажа дека ќе претставува големо засилување за Леванте во новата сезона. Тој беше меѓу најдобрите поединци на теренот, а по еден извонреден шут што голманот со крајни напори му го одбрани во 65. минута, Македонецот потоа се запиша и меѓу стрелците, со удар со глава зголемувајќи на 4-0 за својот тим.

Веднаш по погодокот тренерот на Леванте го повлече македонскиот плејмејкер од игра, но првиот впечаток е одличен, а за очекување е Барди да игра уште подобро штом се адаптира на новата средина.

Се вчитува...