Деби од соништата: Жезус влезе во игра и за 90 секунди го постигна првиот гол за Арсенал (видео)

Габриел Жезус имаше извонредно деби во дресот на Арсенал откако бразилскиот ас го постигна својот прв гол за „топчиите“ само 90 секунди по влегувањето во игра на првиот меч за новиот клуб.

Арсенал попладнево му гостува на Нирнберг, а откако „топчиите“ се најдоа во негатива од 2-0 по првиот дел, Артета реши на самиот старт од второто полувреме да го уфрли Жезус на теренот.

Нецели две минути подоцна Бразилецот зеде топка на средината од теренот и почна опасна акција, по што одлично се снајде во шеснаесетникот и го матираше голманот на Нирнберг.

Се вчитува...