Деби за Миовски и Ракип, Чурлинов со прв „официјален“ погодок (ВИДЕО)

Офанзивецот Бојан Миовски и фудбалерот од средниот ред на шведскиот шампион Малме, Ердал Ракип запишаа официјално деби за македонската сениорска репрезентација.

Миовски со влегувањето во игра во 60. минута на местото на Милан Ристовски ги запиша првите минути во националниот дрес, како и Ракип кој влезе во игра во 76. минута на местото на капитенот Стефан Ристовски.

Свој прв гол на официјален квалификациски натпревар за Македонија запиша Дарко Чурлинов, и тоа на асистенција на Ракип. За Чурлинов ова е втор гол во македонскиот дрес, но првиот беше на пријателскиот дуел против Казахстан во јуни месец.

Се вчитува...