Дебитант на Сакраменто постави неверојатен рекорд во НБА

Дебитантот на Сакраменто кингс, Дариус Акуф јуниор, на најдобар можен начин ја искористи слободата во игра која да доби од „кралевите“ и постави неверојатен рекорд во НБА-лигата.

Имено, 19-годишниот бек, сега го држи рекордот во бројот на упатени шутеви од игра во првите три натпревари во НБА-лигата во последните 50 години.

Акуф јуниор по поразот од Мемфис гризлис од 123:112, во првите три меча во НБА, упати вкупно 73 шутеви од игра и го надмина досегашниот рекорд кој го држеше Кевин Дурант од 64 шутеви поставен во 2006 година.

Тој упати 24 шутеви против ЛА Клиперс, 26 против Портланд и 23 против Мемфис.

И покрај одличниот просек од 22.3 поени на првите три натпревари, Акуф јуниор има проблем со реализацијата бидејќи просекот изнесува само 32.9 отсто погодени шутеви од игра.

Тој погоди 24 од упатените 73 шутеви. Уште послаб е процентот за погодени тројки, бекот на Сакраменто погоди само четирипати од 27 обиди.

Се вчитува...