Огромна трагедија во Шпанија денеска поради која се одложени дури 24 натпревари од Купот на кралот кои требаше да се играат денеска.
Шпанската фудбалска асоцијација донесе одлука за одложување на натпреварите, откако се случи тешка железничка несреќа во покраината Толедо во која, според извештаите на медиумите од Шпанија, загинале најмалку 50 лица.
Сè се случи рано утрово кога се судриле два воза.
„Како знак на почит и солидарност со сите жртви на трагичната железничка несреќа што се случи во раните часови од оваа среда наутро во покраината Толедо, Шпанската фудбалска федерација одлучи да ги одложи сите 24 натпревари од првото коло од Кралскиот куп, кои првично требаше да се играат денес попладне и вечер. Асоцијацијата подоцна ќе го објави новиот распоред на натпреварувањето и конечните датуми на одложените натпревари. Големото семејство на шпанскиот фудбал е обединето во болката од оваа трагедија и се става на располагање на надлежните органи за да им помогне на жртвите од оваа ужасна несреќа“ – се вели во информацијата од Шпанската федерација.
🔴 Al menos 50 muertos tras chocar un AVE de Renfe contra un Iryo y sacarlo de la vía cerca de Toledo
El tren de Iryo estaba parado y el de Renfe ha colisionado contra el otro, según confirman varias fuentes ferroviarias
🗣️ Por @rubn_escu
✍️ Por @SandraTobar22 y @BraisCedeira
📲 Sigue leyendo: https://t.co/cCpbu1pGiw— EL ESPAÑOL (@elespanolcom) October 28, 2026
Кога станува збор за одложените натпревари, меѓу другото, станува збор за средбите каде што требаше да играат Леванте, Еибар, Мајорка, Реал Ваљадолид, Реал Бетис, Селта де Виго, Валенсија и Кадиз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
