„Јокиќ треба да се извини – Не може тој да кажува кој е добредојден а кој не во Денвер!“ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со својата изјава разбесни голем број луѓе во Колорадо. Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс пред неколку дена по пресврт од 23 поени, а по продолжението победија со 141-135.

Но, публиката во „Бол Арена“ почна да ги исвиркува домашните играчи веќе во втората четвртина, кога Денвер имаше негатива од 45-26, а незадоволството продолжи до полувремето, кога Нагетс заминаа со минус 16.

По натпреварот, Јокиќ имаше јасна порака за оние кои го исвиркуваа тимот.

„Нè свиркаа на првиот домашен натпревар. Мислам дека оние навивачи кои нè свиркаа не мора повеќе да доаѓаат“, рече српскиот центар.

Оваа изјава разбесни многу луѓе во Колорадо, а во спортските вести на Канал 9 во Денвер, новинарот Скоти Гејџ јасно стави до знаење:

„Никола Јокиќ им должи извинување на навивачите на Денвер Нагетс. Најдобриот играч во историјата на Денвер Нагетс апсолутно треба да им се извини на навивачите затоа што навивачите го исвиркаа неговиот тим откако играа многу лошо во првиот натпревар. Јокиќ не беше задоволен од тоа, велејќи дека луѓето повеќе не треба да доаѓаат. Ајде Никола. Па, ти си поцврст од ова во кое сега се прикажуваш. Не можеш ти да одлучуваш кој е добредојден, а кој не. Никола Јокиќ не е мекуш, ова е само негова реакција на слабост. Навивачите имаат целосно право да свиркаат кога не се задоволни. Никола Јокиќ им должи извинување на навивачите на Денвер Нагетс, а не обратно“, рече во својот коментар Скоти Гејџ.

Се вчитува...