КУП НА МАКЕДОНИЈА: Вардар „потопен“ од Тиквеш за елиминација од Купот…, Струга ТЛ, Работнички и Скопје во четвртфинале (ВИДЕО)

Вардар загуби убедливо со 1-3 пред своите навивачи од Тиквеш во осминафиналето на Купот на Македонија, завршувајќи ги на тој начин настапите во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Кавадарчани до четвртфиналето дојдоа благодарение на трите погодоци во второто полувреме.

Посебно впечатлив беше вториот гол на Тиквеш во 61. минута на Сила, за водство во тие моменти од 1-2.

На останатите натпревари, Струга ТЛ лесно обезбеди место во четвртфиналето со победата над Беласица од 2-0.

Во четвртфиналето продолжуваат и Скопје и Работнички по победите над Новаци (1-0) односно Каменица Саса (3-2).

Во Ѓорче Петров пеналите одлучуваа кој продолжува понатаму откако во регуларниот дел Македонија ЃП и Брегалница одиграа без победник, 2-2. По пенал-рулетот подобри домашните со 5-4, елиминирајќи го штипскиот прволигаш.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/8 ФИНАЛЕ

Скопје: Вардар – Тиквеш 1-3
Скопје: Скопје – Новаци 1-0
Струга: Струга ТЛ – Беласица 2-0
Куманово: Башкими – Шкендија (А) 0-2
Скопје: Работнички – Саса 3-2
Скопје: Македонија ЃП – Брегалница 2-2 (пенали: 5-4)
Битола: Пелистер – Силекс (16:30 ч.)
Струмица: АП Брера – Арсими (25 ноември)

  • Со болдирани букви се екипите кои продолжуваат во четвртфиналето

Се вчитува...