Младинците на АП Брера загубија убедливо со 0-3 на првиот натпревар од второто коло во плејофот во младинската Лига на шампиони на УЕФА.
Струмичани загубија во Струмица од германски Хофенхајм кој се покажа преголем залак за македонскиот тим.
Германците победата ја осигураа по само 18 минути игра до кога беа постигнати сите три погодоци.
Најпрво Цизек стрелаше уште во 10.минута, па Крамер погоди во 12. минута за 0-2, а конечните 0-3 ги постави Крета во 18. минута.
Реваншот се игра за седум дена во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
