Компани неколку недели нема да го води Баерн од клупата

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, во наредните неколку недели нема да биде во можност да го предводи германскиот гигант од клупата поради влошената здравствена состојба.

Компани колабираше на тренинг по дуелот со Арсенал, по што итно беше пренесен во болница. Тој денеска беше посетен од страна на неговиот помошник, Арон Данкс , кој откри нови детали за неговата здравствена состојба.

„Компани е во добро расположение, секој ден е се подобро и тоа е позитивно и за него и за сите нас. Многу е смирен, знае е потребно време за да се опорави“, изјви Данкс.

Германските медиуми откриваат дека Компани кога колабирал, го повредил и рамото, а целиот ден имал големи главоболки, поради што му биле извршени детални лекарски прегледи.

Се вчитува...