Капитенот на англиската фудбалска репрезентација и член на Баерн Минхен, Хари Кејн, во понеделнико ја доби „Златната топка“ за најдобар играч, а ова признание може да му донесе и ново титула.
Имено, владата на Обединетото Кралство не ја исклучува можноста Кејн да се најде меѓу имињата кои пред крајот на годината ќе добијат титула витез.
Доколку Кејн од страна на англискиот крал биде крунисан во витез, ќе стане првиот фудбалер по пауза од 33 години кој добил титула.
Последен Англичанец кој ја освоил „Златната топка“ и бил прогласен за витез е сер Боби Чарлтон. Тој во 1966 година ја освои „Златната топка“, но за да стане витез чекаше до 1994 година.
Интересно е што единствен Англичанец кој ја освоил „Златната топка“, а не бил крунисан во витез е Мајкл Овен.
Останати англиски фудбалери кои добиле титула за своите заслуги во фудбалот се и Стенли Метјуз, Дејвид Бекам, Тревор Брукинг, Мет Басби, Чарлс Крег, Том Фини, Џоф Хуртс, Алф Рамзи, Боби Робсон, Гарет Саутгејт, Валтер Винтерботом и Кевин Киген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
