Шок за Минесота, првата ѕвезда мора да оди на операција

Бекот на Минесота тимбервулфс, Ентони Едвардс, се очекува да отсуствува до осум недели поради повреда на десното колено, објави ЕСПН.

Едвардс ќе мора да оди на артроскопска операција на коленото, што ќе претставува голем удар за Минесота која одлично ја започна новата сезона во НБА-лигата.

На последниот натпревар, и покрај проблемите со коленото, во поразот на неговиот тим од 125:127 по продолжението од Кливленд, Едвардс постигна 47 поени.

На првите четири натпревари сезонава, Едвардс има просек од 33.3 поени и 4.8 скокови по натпревар.

Долгата пауза може и да му ги поремети плановите во битката за МВП признанието бидејќи според правилата, добитникот на ова признание мора да одигра најмалку 65 натпревари во регуларниот дел од сезоната.

Се вчитува...