Таткото на Јамал е скандал-мајстор: Прво плукнал келнерка, па потоа нападнал новинар

Таткото на ѕвездата на Барселона Ламин Јамал, Мунир Насрауи, повторно се најде во центарот на вниманието поради инцидент кој, според пишувањето на шпанските медиуми, се случил на аеродромот во Барселона и тоа во пресрет на церемонијата за доделување на „Златната топка“ во Лондон.

Како што пренесува порталот „Ел Еспањол“, инцидентот се случил на 26 октомври, кога вработена во кафуле на аеродромот во Барселона го замолила Насрауи да ја помести јакната која ја оставил на место каде што не било дозволено.

Ситуацијата набрзо ескалирала, таткото на Јамал бурно реагирал и наводно ја плукнал келнерката во лице. Друг патник се обидел да застане во нејзина заштита, но Насрауи, според сведоците, тргнал да се пресмета со него, грабнувајќи столица и му се заканувал дека ќе ја фрли кон него.

Полицијата набрзо успеала да ја смири ситуацијата, и покрај инцидентот, Насрауи успеал да се качи на летот за Лондон.

Сепак, ниту по завршувањето на церемонијата за „Златната топка“, Мунир Насрауи предизвикал нов индидент. Тој наводно влегол во расправија со руски новинар кој му пришол со телефон, а Насрауи се обидел да му го одземе телефонот.

Ова не е првпат таткото на младиот фудбалер на Барселона да биде во центарот на вниманието со неговите постапки.

Се вчитува...