Манчестер Јунајтед има три причини да не го отпушти Карик

Управата на Манчестер Јунајтед одлучи да му даде нова шанса на менаџерот Мајкл Карик, иако екипата има катастрофални резултати сезонава.

Според „Атлетик“, управата два дена размисливала по поразот од Борнмут, во понеделникот бил одржан состанок меѓу косопствениците Џим Ретклиф и браќата Аврам и Џоел Глејзер како и извршниот директор Омар Берада и фудбалскиот директор Џејсон Вилкокс, на кој било одлучено да му да даде нова шанса на Карик и тоа поради три причини.

Првата причина е паузата поради репрезентативните настапи со што управата би имала време да размисли за неговиот наследник, дали тоа ќе биде Еди Хау, Јулијан Нагелсман или Антонио Конте. Исто така, Карик би добил две недели да се обиде да ја доведе во ред соблекувалната.

Втората причина е финансиска. Според „Атлетик“, отпуштањето ќе значи плаќање отпремнина на Карик, но и дополнителни трошоци за ангажирање на негова замена која сигурно не е евтина. Управата не сака да ја повтори грешката со претходниците на Карик, Ерик тен Хаг и Рубен Аморим на кои по отказите мораше да им исплати 30 милиони фунти отпремнина.

Третата причина е состанокот на Карик со сите фудбалери на кои не присуствувал ниту еден директор. Наводно, состанокот бил продуктивен бидејќи биле разрешени поголем дел од несогласувањата кои доведоа во лошите резултати.

 

Се вчитува...