Во страв да не ги загуби спонзорите и Реал им се извини на Кинезите

По глупоста која ја направи Килијан Мбапе и ја налути кинеската нација, фудбалерот експресно се извини, а денеска истото го направи и неговиот клуб, Реал Мадрид бидејќи почнаа да ги губат спонзорите.

По изјавата на Мбапе, кинеските компании кои имаа спонзорски договори со него, ги раскинаа, државната кинеска телевизија одлучи да ги прекине преносите од Ла Лига, а на кинеските социјални мрежи се повеќе се бара да се бојкотира и Реал Мадрид, односно купувањето на сувенири и дресови.

Денеска и Реал Мадрид упати извинување на Кина и кинеската нација.

„Реал Мадрид сака да му се извини на кинескиот народ поради непријатностите предизвикани од зборовите на нашиот играч, Килијан Мбапе. Нашиот клуб има голем респект кон Кина, нејзината историја, култура и кинеските граѓани, како и кон милионите кинески навивачи на Реал Мадрид. Реал Мадрид ја потврдува својата посветеност на вредностите на респектирање, соживот и разбирање меѓу културите и изразува желба да продолжи со јакнење на пријателството со Кина и кинескиот народ“, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Се вчитува...