Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години во вториот контролен натпревар против Црна Гора што се играше во Тиват забележа победа од 6-3.
Избраниците на селекторот Зоран Лекиќ поведоа со голот на Лео Стоевски во третата минута. Во шестата, Михаил Гоговски зголеми на 2-0, а веќе во десеттата минута имавме предност од 3-0 откако Александар Крстевски го совлада противничкиот голман,
Во 11. минута, Балша Ракочевиќ ја погоди сопствената мрежа за водство на Македонија од 4-0.
Филип Гопчевиќ во 17. минута го постигна првиот погодок за домаќинот, а шеесетина секунди подоцна Милан Рагановиќ намали на 4-2.
Матеј Ангеловски во 25. минута се запиша меѓу стрелците за водство на Македонија од 5-2 додека во 28-та Богдан Головиќ постигна гол и намали на 5-3.
Конечниот резултат го постави Христијан Ризов на две минути пред крајот на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
