Ламин Јамал не ја освои Златната топка за 2026, поради што беше видно разочаран на доделувањето на признанието во Лондон, дури и не станувајќи од столчето во моментот кога победникот Хари Кејн дојде да се поздрави со него.
Младиот ас на Барселона го заврши гласањето на третото место и вели дека верува во својот пат и дека најголемото признание еден ден ќе дојде.
Јамал беше прогласен за најдобар млад играч во светот трета година по ред на церемонијата за доделување на Златната топка, но и овој пат главната награда му избега.
Шпанскиот интернационалец го освои третото место во изборот, зад победникот Хари Кејн од Баерн и второпласираниот Килијан Мбапе од Реал Мадрид.
По изборото, Јамал се огласи на социјалните мрежи и рече дека пропуштената можност нема да го обесхрабри.
„Мојот момент ќе дојде. Добрите работи бараат време и верувам во патот по кој одам. Нема брзање, само возбуда и смирена сигурност дека еден ден ќе дојде мојот ред“, напиша младиот фудбалер.
Тој додаде дека неговиот фокус веднаш се враќа на Барселона и освојувањето нови трофеи со каталонскиот клуб.
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, кој беше прогласен за најдобар тренер, верува дека Јамал ќе ги освои најголемите индивидуални признанија во иднина.
„Ламин Јамал ќе освои многу Златни топки и индивидуални трофеи, но што е поважно, ќе освои уште многу тимски трофеи. Знам дека тоа му е поважно“, рече Де ла Фуенте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
